Упатство за Online Купување

Додавање на производи во кошничка

Додавањето се врши со притискање на копчето “Додади во кошничка”.Брзиот преглед "Лупа" (1) овозможува преглед на производот без промена на страната, а воедно и внесување на количина (2).
Истото можете да го направите и на страната на производот.

 

Проверка на кошничка

Кошничката е достапна од целиот сајт, преку копчето во горниот десен агол (1).
За да избришете производ, чекирајте го полето на левата страна во "Отстрани" колоната (2) и кликнете на "Измени кошничка" (4). За да промените количина, променете ја вредноста во полето за количина на десната страна (2) и кликнете на "Измени кошничка" (4).

 

Нарачување

За да го почнете процесот на нарачување, кликнете на копчето "Чекирај" (2), но претходно морате да го чекирате полето за согласување со условите на услугата (1). Ова ќе ве однесе на нова страна каде што можете да ги доставите соодветните информации за да ја комплетирате нарачката.

 

Адреса за фактурирање

Тука можете да ја изберете адресата на која ќе ви биде доставена фактурата, или да внесете нова адреса.

 

Адреса за испорака

Тука можете да ја изберете адресата на која ќе ви бидат доставени производите, или да внесете нова адреса. Адресата на испорака може да се разликува од таа за фактурирање.

 

Метод на испорака

Производите можат да Ви бидат доставени до посакуваната адреса или лично да ги подигнете од нашиот магацин.

 

Достава до дома

Доставата до дома е бесплатна доколку вредноста на нарачката надминува 1,000 денари. Во спротивно, за доставата се наплаќа дополнителни 100 денари.

 

Подигање од магацин

Производите можете да ги подигнете од нашиот магацин на адреса “Ристо Фршинин” бр.20, 1480 Гевгелија, Македонија, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

Метод на плаќање

Плаќањето можете да го извршите со платежна картичка или со про-фактура.

 

Картичка

Доколку изберете да платите со картичка, на крајот од комплетирањето на нарачката ќе бидете пренасочени на порталот на CaSys каде што ќе можете да ги внесете податоците од Вашата картичка. Ние не чуваме никакви податоци од Вашите картички.

 

Фактура

Доколку изберете да платите преку фактура, ќе бидете контактирани од наша страна на телефонскиот број што го имате доставено, или преку email, за комплетирањето на нарачката.

 

Потврда на нарачка

Пред да ја потврдите нарачката, ве молиме внимателно да ја проверите точноста на сите претходно внесени информации, како и изборот на производите и нивната количина. За да ја потврдите нарачката, кликнете на копчето "Потврди" (1).  Доколку начинот на плаќање е со картичка, ќе бидете пренасочени кон порталот на CaSys.
Откако ќе биде извршено плаќањето, ќе бидете пренасочени кон нова страна со пора

Адреса

ул.Ристо Фршинин бр.20

1480 Гевгелија

Македонија

Контакт

  • +389 71 299 656 - Тобако
  • +389 70 392 346 - Книжара/Канцеларија
  • v.antoni@t.mk

Facebook

Вантони © 2021. UKION SHOPS