Информации за испорака

Почитувани Корисници,

 

Откако ја потврдивте нарачката на производите, нарачката влегува во процес на обработка.

Рок на испорака. Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Oбработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е еден работен ден. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8 до 17 часот во текот на неделата и сабота од 9 до 13 часот. 


Превземање на пратки

Курирските служби Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери (екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа: DelCo секој работен ден од 8 до 20 часот и сабота од 8 до 16 часот, а PostExpress секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 9 до 14 часот. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број  или по пат на e-mail info@vantoni.mk. Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.


Цена на Испорака

Цената на достава за сите нарачки на територијата на градот Гевгелија е бесплатна!
Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 1000 денари е бесплатна!
Цената на достава за нарачки чија вредност е до 999 денари изнесува 150 денари!


Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.

Адреса

ул.Ристо Фршинин бр.20

1480 Гевгелија

Македонија

Контакт

  • +389 71 299 656 - Тобако
  • +389 70 392 346 - Книжара/Канцеларија
  • v.antoni@t.mk

Facebook

Вантони © 2021. UKION SHOPS